Top Sport

Клоп се жалеше дека нема пари за трошење, па за два дена ги купи Алкантара и Жота!

Англискиот шампион Ливерпул, го потврди потписот на португалското крило на Вулверхемптон, Диего Жота во трансфер вреден 45 милиони фунти, со што Јирген Клоп доби две големи засилувања за два дена по петочното купување на Тијаго Алкантара од Баерн Минхен.

Покрај Жота и Алкантара на „Енфилд“ пристигна и грчкиот бек Костас Цимикас, по што зборовите на Клоп дека тие не можат да си приуштат засилувања како „државните“ клубови Челси и Манчестер сити изгледаат прилично незгодно.

23-годишниот Жота пристигна кај Вулфс во 2017 година од Атлетико Мадрид и постигна 44 гола во 131 настап за тимот на Нуно Еспирито Санто, помагајќи да влезат во Премиер лигата.

Се веруваше дека Ливерпул се заинтересирани и за ѕвездата на Вотфорд, Исмаила Сар, но одбија да ги платат 40-те милиони фунти кои ги бараа Вотфорд.

Scroll to Top