Новак Ѓоковиќ ја започна 287 недела на челната позиција на АТП листата. Пред него сега е само Роџер Федерер кој во кариерата вкупно 310 недели бил број 1.
АТП листата се уште не е ажурирана бидејќи не е завршен мастерсот во Рим каде Ѓоковиќ во финалето ќе игра против Диего Шварцман.
Ѓоковиќ пред финалето има 10.860 поени и можност со победа да ја зголеми предноста во однос на Рафаел Надал кој во Рим, како бранител на титулата, испадна во четврт-финалето.
Надал има 9.850 поени, а зад него во Топ 5 уште се Доминик Тим (9.125), Роџер Федерер (6.630) и Данил Медведев (5.890).