Луис Суарез, откако му пропадна трансферот во Јувентус, постигнал договор со Атлетико Мадрид, тврди каталонскиот медиум „Мундо Депортиво“. Според овој извор 33 годишникот ги договорил личните услови со Атлетико, а за да биде реализиран трансферот клубот од Мадрид најпрвин треба да го продаде Диего Коста.
Луис Суарез стана вишок во Барселона со доаѓањето на тренерот Роналд Куман. Уругаваецот редово тренира меѓутоа не беше во комбинација за трите подготвителни натпревари кои ги одигра Барселона.
Се поставува и прашањето колку на договорот помеѓу Атлетико и Суарез ќе влијае и тоа што напаѓачот бара клубот да му ја исплати во целост последната година од договорот. Наводно Барселона понудила да му ислати пола од платата која му следува на Суарез до 30 јуни 2021 година.
„Мундо Депортиво“ тврди дека челниците на Атлетико и тренерот Диего Симеоне биле во постојан контакт со Суарез.
Луис Суарез мина шест години во Барселона, одиграл 238 натпревари на кои постигнал 197 голови.