Јувентус до крајот на преодниот рок мора да донесе класична деветка. Изборот е Един Џеко, меѓутоа бидејќи Рома се уште нема најдено замена за него (Аркадијуш Милик никако да се договори со Наполи), Јувентус и тренерот Андреа Пирло се подготвени да го активираат резервниот план.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Јувентус ги започнале преговорите со Ателико Мадрид околу Алваро Мората.
Романо објави дека Јувентус сака да го донесе својот поранешен напаѓач на позајмица за 10.000.000 евра, со опција да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за дополнителни 45.000.000 евра.
Атлетико би се согласиле на ваков трансфер бидејќи тие се во преговори со Луис Суарез од Барселона, кој чека само да го раскине договор со Каталонците за да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Мората со голем успех го носеше дресот на Јувентус две сезони, во кои соиграч му беше сегашниот тренер Пирло.
Juventus are now in talks with Atlético Madrid to sign Álvaro Morata! €10m loan + €45m buy option offered to Atlético.
Atléti are now seriously considering to sell Morata because Luis Suarez is close to be the new striker. He’s ready to leave #FCB as a free agent ? @SkySport
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 21, 2020