Најдобриот фудбалер на косово Ведат Муричи ќе го пропушти бараж натпреварот против Македонија за пласман на Европското првенство. Лацио, клубот на Муручи, соопшти дека напаѓачот е заразен со коронавирусот.
Фудбалерот од Косово пред десет дена направи трансфер од Фенербахче во Лацио. Клубот од Рим преку соопштение информира дека Муричи ќе отсуствува до средината на октомври.
Муричи се наоѓал во самоизолација и немал никакви симптоми на болеста.