Несудениот тренер на Милан. Ралф Рангник вели дека е зачуден од тоа што Милан решиле да му дадат договор на 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ и дека тоа покажува каква „контрадикторна“ политика се води во клубот.
„Росонерите“ беа пред договор со Рангник за доаѓање на местото на Стефано Пиоли од новата сезона, но ова пропадна поради несогласувањата кај „росонерите“ околу поранешниот тренер на РБ Лајпциг. Германскиот стручњак вели дека клубот не ја дели неговата визија кога го донела Ибрахимовиќ во јануари.
„Не се работи за тоа дали мене ми се допаѓа Ибрахимовиќ. Зошто не би ми се допаѓал? На 38 години уште е во фантастична форма и може да биде клучен во мечеви. Но, вистинското прашање е – по кој пат сакате да одите? Што е Милан? За мене уште тогаш потписот со Ибрахимовиќ беше жива контрадикција. Сопствениците велеа едно, но правеа нешто сосема друго“, вели Рангник.