Top Sport

Спортинг Лисабон ја преименуваа академијата во чест на Кристијано Роналдо

Португалскиот клуб Спортинг Лисабон потврдија дека нивната фудбалска академија ќе го носи името на еден од најславните „продукти“ на младинскиот погон, Кристијано Роналдо.

„Со огромна чест објавуваме дека академијата на клубот ќе го носи името на Кристијано Роналдо (Academia Cristiano Ronaldo)“, потврдија од клубот.

Роден на островот Мадеира на Атлантскиот Океан, Роналдо се приклучи на Спортинг во 1997 година кога имаше само 12 години, а дебитираше во првиот тим во 2002 на 17 години, пред Сер Алекс Фергусон да го пронајде и да го донесе во Манчестер јунајтед во 2003, каде што стана ѕвезда и го продолжи фантастичниот успех со Реал Мадрид и сега со Јувентус.

„Академијата ќе го направи бесмртно името на еден од најголемите симболи кои ги произведе и тоа ќе биде инспирација на сите млади таленти“, додаваат од клубот со мотото: „Еднаш лав, секогаш лав“.

Претходно клубот размислуваше дури да го смени името на нивниот стадион „Естадио Жозе Алваладе“ во чест на Роналдо, а 35-годишниот фудбалер веќе има и аеродром на неговиот роден остров кој го носи неговото име.

Scroll to Top