Новак Ѓоковиќ ја освои својата 36. АТП Мастерс 1000 титула по 7:5/6:3 победата над Аргентинецот Диего Шварцман во финалето на Италија опен, за да го помине Рафаел Надал по бројот на трофеи од турнирите кои се од вториот ранг на натпреварувања, веднаш зад гренд слем трофеите.
Ова исто така е петта титула на Србинот во Рим и 81. трофеј во блескавата кариера, а во исто време го победи Шварцман по петти пат во петте меѓусебни дуели, иако Аргентинецот не беше лесен противник, што го покажа со елиминацијата на Рафаел Надал во четврт-финалето.
Шварцман почна фантастично со два брејка на сервис на Ѓоковиќ и водство од 3:0, но потоа следуваше камбек на Србинот за 5:4 водство. Аргентинецот спаси една сет-топка, но потоа Ѓоковиќ стигна до 7:5 во првиот сет. И вториот сет, Ѓоковиќ го започна со загубен брејк, но веднаш му одговори на противникот за на крајот по час и 54 минути игра да го освои трофејот.
Ова е совршена подготовка за Ѓоковиќ за Ролан Гарос по диквалификацијата од САД опен и контроверзите кои следуваа потоа, и иако на неколку пати повторно ја покажа нервозата во својата игра, на крајот ментално ги надмина сите проблеми. Србинот има 31-1 скор во 2020, со дисквалификацијата во Њујорк која му се води како единствен пораз.
DJOKO-VICTORIOUS ?
The moment @DjokerNole won his 5th Rome crown – and a record-breaking 36th Masters 1000 title! #IBI20 pic.twitter.com/IHrXJVxKl5
— Tennis TV (@TennisTV) September 21, 2020