Американската НФЛ не простува непочитување на мерките во борбата против коронавирусот. Направи сериозен удар по џебот на тројца тренери во лигата, а поради нив беа казнети и тимовите кои ги предводат.
Официјално, тренерите Вик Фанџо (Денвер), Пит Керол (Сиетл) и Кајл Шанахан (Сан Франциско) ќе мора да платат казна од по 100.000 долари затоа што не носеле заштитна маска на последните мечеви.
И нивните клубови се казнети со по 250.000 долари, со што во касата на НФЛ ќе се слеат 1.050.000 американски долари.
Поради ова се крена многу врева во САД, а љубителите на американскиот фудбал сметаат дека мерките се премногу ригорозни. Посебно сметаат дека до ова нема потреба да доаѓа затоа што сите тренери имаат направено Ковид 19 тестови.