Top Sport

Скандал мајсторот Гулбис навредуваше фотограф на Ролан Гарос

Познатиот тениски скандал мајстор, Летонецот Ернест Гулбис имаше нов испад во квалификациите за грен слем турнирот во Париз, Ролан Гарос.

При квалификацискиот меч против Италијанецот Марко Чекинато, Гулбис во еден момент вербално го нападна официјалниот фотограф сметајќи дека тој премногу се движи со што го деконцентрира. Тоа што фотографот барал подобра положба за да си ја заврши својата работа го налути Летонецот, па тој го нарече „француски кретен“.

Инаку, Гулбис беше елиминиран во два сета од Чекинато (6-4 и 7-5).

Да биде неволјата уште поголема, на крајот на мечот се измачи да го напушти теренот очекувајќи некој да ја отвори вратата крај теренот.

Погледнете:


За потсетување, Гулбис е познат како тенисер кој жртвуваше голема кариера поради несредениот живот.

Беше уапсен во Шведска поради ноќ помината со проститутки, а најмногу го сака турнирот во Ротердам поради легализираното користење на марихуаната.

Scroll to Top