Првиот човек на ПСЖ Насер Ал-Калифи, поради обвинувањата за корупција, добил условна затворска казна во траење од 28 месеци. Ал-Калифи правел малверзации со ТВ правата за Светските првенства бидејќи тој е сопственик на телевизијата „БеИн“.
Покрај него условна затворска казна (три години) доби и поранешниот генерален секретар на ФИФА, Жером Валке.
Пресудата ја донесе швајцарскиот суд откако било утврдено дека имало „матни“ зделки околу распределбата на ТВ правата за Светските првенства и Купот на конфедерации во Северна Африка и Блискиот исток.
Договорот на „БеИн“ за ТВ правата за Мундијалите во 2026 и 2020 година е потпишан со помош на Валке. „Лекип“ тврди дека Валке како контра-услуга добил на 18 месечно користење луксузна вила на Сардинија.
Закуп на една таква вила на Сардинија кошта помеѓу 900.000 и 1.800.000 евра.
Валке како генерален секретар на ФИФА го користел своето влијание и за доделувањето на ТВ правата во Грција и Италија.