Top Sport

Почина легендарниот ракометар Златко Портнер

Легендарниот југословенски ракометар Златко Портнер ненадејно поина на 59 годишна возраст. Портнер беше член на најславната генерација во историјата на Металопластика и член на репрезентацијата на СФРЈ која во 1986 година го освои Светското првенство во Швајцарија. Со Металопластика беше европски првак во 1985 и 1986 година.

Блескавата кариера Портнер на започнал во Хртковци на почетокот на осумдесеттите години од минатиот век, во 1982 година се преселил во Црвенка, а потоа и во Металопластика.

Во странство настапувал за Барселона. Со негов во тимот Каталонците во 1991 година ја освоија првата титула во Купот на шампионите. Кариерата ја заврши до 2002 година.

Неговиот син Никола Портнер брани за Монпелје, во 2018 година ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Scroll to Top