Пеп Гвардиола има намера до крајот на преодниот рок да донесе уште еден централен дефанзивец. Манчестер сити дефанзивата ја засилја со Нејтан Аке од Борнмут, меѓутоа Гвардиола смета дека му треба уште еден играч во последниот ред за да го комплетира тимот кој ќе се обиде сезонава да ја врати титулата на „Етихад“.
Изборот на Гвардиола е Хозе Марија Хименез од Атлетико Мадрид. Манчестер сити понудиле 85.000.000 евра.
„Добивме понуда. Меѓутоа Хименез е неверојатен играч, а ние сакаме да имаме такви играчи во нашиот тим“, рекол претседателот на Атлетико Енрико Сересо, потврдувајќи дека ја клубот ја одбил понудата на Манчестер сити.
Хименез во Атлетико дојде пред седум години од Данубио. Учеше од својот сонародник Диего Годин и според многумина тој е е ден од најдобрите фудбалери во светот на својата позиција.
Во минатото Атлетико за Хименез ги одби Баерн Минхен и Манчестер Јунајтед.