Top Sport

Херојот Хиро – Мајами има 3:1 против Бостон

Кошаркарите на Мајами Хит се наоѓаат на чекор до пласман во големото финале во НБА лигата. Мајами во четвртиот натпревар од финалната серија в Источната конференција славеа над Бостон Селтикс со 112:109.

Четвртиот меч го обележа дебитантот Тајлер Хиро со 37 поени, шест скока и три асистенции. Хиро влезе во историјата на НБА лигата како играч од клупата кој постигнал најмногу поени во плејофот.

Голема помош Хиро имаше во тројката Џими Батлер (24 поени), Горан Драгиќ (22 поени) и Бем Адебајо (20 поени, 12 скокови).

На спротивната страна се истакнаа Џејсон Тејтум со 28 поени, Џејлен Браун со 21 и Кемба Вокер со 20 пени.

Петтиот меч на програмата е во сабота наутро.

Scroll to Top