Top Sport

Нема заинтересирани за Ериксен

Кристијан Ериксен на почетокот на годината го засили Интер, но не успеа да ги оправда очекувањата во новиот тим.

Италијанските медиуми тврдат дека Интер се подготвени да го продадат Данецот, но проблемот бил што никој не е заинтересиран за овој фудбалер.

Наводно менаџерите на Ериксен се обидувале да му најдат нов ангажман во Премиер лигата, но никој не покажал интерес за фудбалерот кој неколку сезони блескаше во дресот на Тотенхем.

Доколку не успеат да го продадат Интер се подготвени да го позајмат на некој клуб со клаузула договорот на фудбалерот да биде откупен по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top