Дамир Џумхур стигна до својата втора АТП титула, откако во финалето на Кремљ купот во Москва со 6:2/1:6/6:4 го совлада Летонецот Рикардас Беранкис.
Џумхур минатиот месец на турнирот во Санкт Петерсбург ја освои титулата, а очигледно руската клима му одговара откако стигна и до вториот трофеј по 1 час и 39 минути игра за да скокне на 31. место на АТП-листата, неговиот најдобар пласман во кариерата.
Првиот тенисер од Босна и Херцеговина со АТП титула, играше трето финале на последните седум турнири, и сега има 10-0 скор од турнирите во Русија.
Беранкис, кој го имаше совладано Џумхур двапати во три меча, имаше лош старт и Џумхур го освои првиот сет за само 32 минути. Меѓутоа Летонецот не сакаше лесно да се откаже од шансата да го освои првиот трофеј во кариерата и го освои лесно вториот сет за брзи 35 минути. Џумхур губеше со 3:4 и 0:40 во одлучувачкиот сет, но Џумхур ги освои следните пет поени и направи брејк во последниот гем за победа.
Џумхур си заминува од Русија со нови 250 поени и чек од 132.990 долари, додека Беранкис има 150 поени и 70.045 долари за финалето.
Damir #Dzumhur claims career’s 2nd title in Moscow beating Berankis 6-2 1-6 6-4! (GIF @tennistv) pic.twitter.com/Vbl5XZIS38
— We Are Tennis (@WeAreTennis) October 22, 2017