Валтери Ботас го забележа најбрзото време и на вториот тренинг во Сочи, во пресрет на трката за Големата награда на Русија. Најбрзиот круг што го извозе Финецот изнесуваше 1:33.519 минути.
Втор беше актуелниот светски првак и лидер во генералниот пласман Луис Хамилтон. Тимскиот колега од Ботас имаше послабо време за 0.267 секунди.
Мерцедес доминираше на вториот тренинг бидејќи сите останати имаа за една секунда послабо време од Ботас. Трет заврши Даниел Рикардо од Рено, следуваа возачите на Мекларен Карлос Саинц и Ландо Норис.
Добар тренинг имаа пилотите на Ферари, Шарл Лекер беше осми, а Себастијан Фетел десетти.
Вториот тренинг мина без инциденти.