Top Sport

Нокаут на годината – го „смрзна“ и пред да падне на подот

Никарагванецот Мелвин Лопез го имаше најневеројатниот нокаут во 2020, откако во четвртокот навечер во Мајами го „смрзна“ Јеисон Варгас во првата рунда од нивниот меч во Мајами.

22-годишниот боксер во бантам категорија на крајот на 2019 го имаше првиот пораз во својата кариера, но сега се враќа со шеста нокаут победа во низа. Последниот нокаут е дефинитивно најбруталниот, откако со директен удар со левата рака го „смрзна“ противникот, кој беше во нокаут и пред да удри на подот.

Колумбиецот Варгас, за среќа помина без посериозни последици, и се опорави за сам да си замине од рингот.

Scroll to Top