Top Sport

Последниот од „црната листа„ на Куман ја напушта Барселона

Новиот тренер на Барселона Роналд Куман во првите неколку дена од својот мандат пречкрта неколкумина фудбалери. Најзвучни имиња од оние кои Куман не ги сакаше во Барса и кои веќе го напуштија клубот се Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал.

Од непожелните во Барселона се уште е францускиот дефанзивец Самуел Умтити. Куман ќе се обиде и тој да не го дочека почетокот на сезоната во Барселона.

Светскиот првак со Франција добил понуда од својот поранешен тим Олимпик Лион. Барселона биле подготвени да го позајмат Умтити, или да го вклучат во евентуалниот трансфер на Мемфис Депај.

Покрја Лион интерес за Умтити покажале и Манчестер Јунајтед, Рен, Интер и Арсенал.

Scroll to Top