Top Sport

Морбидели прв пат ќе стартува од пол-позицијата

Возачот на Петронас Јамаха Франко Морбидели прв пат во кариерата една трка во Мото Гп ќе започне од стратна позиција. Возачот на Петронас Јамаха беше најбрз во квалификациите за трката на Големата награда на Каталуња.

Италијанецот до најдоброто место на стартот дојде со време 1:38.798 минути. Успехот на Петронас го надополни Фабио Квартараро кој ќе стартува од второто место.

Јамаха доминираше во квалификациите што го потврди ветеранот Валентино Роси од фабричкиот тим кој трката ќе ја започне од третото место.

Трката од вториот ред ќе ја започнат Џек Милер (Прамак Дукати), Маверик Вињалес (Јамаха) и Жоан Зарко (Авинтија). Прв во третиот ред е возачот на КТМ Пол Еспаргаро, а најдобрите десет ги комплетираа Жоан Мир (Сузуки), Данило Петручи (Дукати) и Бред Биндер (КТМ).

Трката за Големата награда на Русоја, во Сочи, утре ќе започне во 15 часот.

Scroll to Top