Роналд Куман одржа прес-конференција во пресрет на утрешниот натпревар со Виљареал на „Ноу Камп“. Утре Холанѓанецот ќе дебитира како тренер на Барселона на официјален натпревар. Куман пред новинарите морал да го објаснува заминувањето на Луис Суарез.
„Се чини дека негативецот во овој филм сум јас, иако јас му се јавив на Луис Суарез со што покажав дека го почитувам како човек и фудбалер. Му кажав дека ќе му биде тешко да се избори за место во тимот доколку стане, но доколку тој реши да остане ќе биде дел од групата. Пред да го потпишам договорот клубот веќе имаше донесено некои одлуки кои јас морав да ги прифатам“, рекол Куман.
Откако Суарез ја напушти Барселона, со порака на Инстаграм од него се збогуваше неговиот пријател Лионел Меси. Во пораката до Суарез Меси го нападна клубот. Ова Куман не сакаше да го коментира.
„Секако дека Меси е тажен што еден од неговите најдобри пријатели го напушти клубот. Лео е пример за сите на натпреварите и тренинзите. Ниту еднаш не се случило да не биде подготвен“, заклучил тенерот на Барселона.