Поранешниот голман на Вардар, и екс-репрезентативец на Србија Страхиња „Џамбо“ Милиќ повторно е меѓу стативити, по пауза од 2 години.
Популарниот голман кој со Вардар беше европски шампион во 2017 година го бранеше голот на Партизан во полуфиналето на српскиот куп против Динамо Панчево и собра 6 интервенции.
Партизан го загуби мечот со 26-22.
29-годишниот Милиќ своевремено на 16 години потпиша за Кил и му предвидуваа сјајна кариера, но поради повредите и неспортскиот начин на живот се повлече од ракометот.
Беше дел од Вардар од 2012 до 2018 година. Во текот на целата кариера имаше вишок на килограми, а во еден период, како што самиот призна, вагата покажала дека тежи дури 216 килограми.