Top Sport

Азаренка смрзна на +8 степени во Париз, па избега во соблекувална

Уште на стартот на грен слем турнирот во Париз – Ролан Гарос организаторите се соочуваат со проблеми. Овојпат тоа е ладното време во овој период од годината во француската престолнина.

Денеска во центарот на вниманието беше Викторија Азаренка кој направи инцидент затоа што не сакаше да го игра мечот против Црногорката Данка Ковиниќ токму поради студот.

Фотографиите од почетокот на нивниот меч изгледаа како да се на скијање, а не на тенис. Со дуксери и јакни пред почетокот на мечот, одиграа 3 гема, па Азаренка се повлече во соблекувалната.

„Ова станува смешно. Не сакам да седам овде, не сакам да чекам ниту минута, се смрзнав. Овде е 8 степени, а јас живеам на Флорида“ му рече Азаренка на организаторот на турнирот.

Мечот беше прекинат, но поради авторитетот на Азаренка подоцна сепак двете тенисерки го одиграа мечот кој и припадна на белоруската тенисерка со 2-0 (6-1 и 6-2).

Scroll to Top