Финецот Валтери Ботас со Мрцедес е победникот на денешната десетта трка во шампионатот, на патеката во Сочи за Големата награда на Русија.
Второто место му припадна на Макс Ферстапен од Ред Бул, додека трет низ целта мина актуелниот шампион, Луис Хамилтон со Мерцедес. Британецот ја испушти првата можност да го израмни рекордот на Михаел Шумахер по бројот на победи во Ф1 – 91.
Хамилтон кој стартуваше од пол позицијата, пред стартот на трката заработи две казни од по пет секунди што на крајот го чинеше нова победа.
Серхио Перез заврши четврти на денешната трка, пред Даниел Рикардо. Шести беше Шарл Леклер со Ферари, а бодови имаше и за Естебан Окон од Рено, Данил Квјат и Пјер Гасли од Алфа Таури и Алекс Албон од Ред Бул.
Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 205 бода.
Втор на листата е денешниот победник Ботас со 161, додека на третата позиција е Макс Ферстапен со 128 бодови.
Наредните возбудување во Формула 1 се планирани за 14 дена кога ќе се вози на патеката „Нирбургринг“ на трката за Големата награда на Германија.
? TOP 10 – POINTS FINISHERS ?
BOT ?
VER
HAM
PER
RIC
LEC
OCO
KVY
GAS
ALB#RussianGP ?? #F1 pic.twitter.com/koMED2jxfO— Formula 1 (@F1) September 27, 2020