Заврши неверојатната серија на Баерн Минхен од 32 победи по ред во сите конкуренции. Попладнево Баварците добија лекција од Хофенхајм, загубија со 4-1.
Поминаа само 24 минути од дуелот, а Хофенхајм со головите на Бичакчиќ и Дабур веќе водеше со 2-0. Флик реши да го остави на клупа голгетерот Роберт Левандовски.
Баерн се врати во игра пред крајот на полувремето. Погоди Кимих за 2-1.
Во второто полувреме Левандовски и Горецка влегоа во игра, но тоа не помогна да се избегне првиот пораз по речиси 9 месеци.
Хрватот со двата гола во последните 15 минути го дотолчи европскиот и германски шампион.
Хофенхајм е лидер на табелата со 2 победи во првите две кола.