Поради двете казни од по 5 секунди Луис Хамилтон трката за Големата награда на Русија ја заврши на третата позиција. Британецот два пати ги прекршил упатствата на директорот на трката поврзани со вежбите за страт на трката. Хамилтон тоа го правел на местата кои не биле дозволени.
Хамилтон смета дека казната била драстична и дека ФИА се обидува да запре кога тоа веќе не можат да го направат неговите ривали.
„Сигурен сум дека никој досега не добил две казни од по 5 секунди за нешто толку смешно. Никого не загрозив, сум го правел тоа на милион патеки низ годините и никогаш не без казнет поради тоа“, рекол Хамилтон.
„Претераа со казната. Меѓутоа тоа е очекувано. Се обидуваат да ме запрат. Морам да бидам мирен, повеќе нема да им дадам причина да ме казнат…Нашиот болид го прегледуваат по три пати, ги менуваат правилата за да им овозможат на другите да ни се доближат, за да бидат трките интересни“.
Хамилтон е лидер во генералниот пласман со 205 поени, неговиот тимски колега Валтери Ботас кој победи во Русија има 161 поен на второто место. На Хамилтон му е потребна уште една победа за да го изедначи рекордот на Михале Шумахер според бројот на победи во Формула 1.