Првиот светски тениски рекет, Новак Ѓоковиќ експресно, за 99 минути игра успеа да го елиминира 80-тиот на АТП листата, Микаел Имер во првото коло на грен слем турнирот Ролан Гарос во Париз.
Србинот славеше убедливо во три сета, со 6-0 6-2 и 6-3.
Секој удар на Ѓоковиќ беше прецизен, но посебно му создаде мака на младиот противник со скратените топки за кои тој немаше решение.
Посебно доминантен Ѓоковиќ беше во првиот сет кој заврши со 6-0 за само 20 минути игра.
Иако квалитетот и разликата во класи се несомнени, сепак еден потег на Имер го воодушеви гледалиштето, а Швеѓанецот доби аплауз и од ривалот.
Tweener winner @MikaelYmer. Djokovic applause.
A true love story ❤️#RolandGarros pic.twitter.com/2rUkYZAhnA
— Roland-Garros (@rolandgarros) September 29, 2020
Ривал на српскиот тениски ас во второто коло ќе му биде подобриот од дуелот Хуго Делиен – Ричардас Беранкис.