Финансиската криза што ја предизвика коронавирусот жестоко ги погоди фудбалските клубови од континенталниот дел на Европа, но не и оние од Премиер лигата. Досега во преодниот рок, кој во Англија трае до 15 октомври клубовите на засилувања потрошиле точно 1.176.170.000 евра.
Во истиот период клубовите од Премиер лигата продале играчи во вредност од 405.500.000 евра, што значи дека се во „минус“ од околу 770.000.000 евра.
Досега најголемиот трансфер го направи Челси, клуб кој потроши најмногу пари на засилувања. Каи Хаверц од Баер Леверкузен пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 80.000.000 евра. Манчестер сити на Бенфика за Рубен Дијаш и платија 68.000.000 евра.
Челси реализираа уште два големи трансфери, на Лајпциг им платија 53.000.000 евра за Тимо Вернер, а на Лестер 3.000.000 евра помалку за Бен Чилвел.
Актуелниот шампион Ливерпул досега донесе двајца играчи за кои издвои 75.000.000 евра. На „Енфилд“ од Вулверхемптон односно Баерн се преселија Диого Жта и Тијаго Алкантара.