Top Sport

Левандовски е играч на годината во Европа

Роберт Левандовски вечерва ќе биде прогласен за најдобар фудбалер во Европа за изминатата сезона. Полскиот репрезентативец со Баерн ја освои тројната круна, а потоа со клубот го освои Суперкупот на УЕФА и Суперкупот на Германија.

Левандовски минатата сезона во сите натпреварувања одиграл 47 натпревари на кои постигнал 55 голови.

Полјакот наградата ќе ја добие во текот на ждрепката која ќе ги одреди групите во Лигата на шампионите.

Левендовски е прогласен за најдобар пред соиграчот Мануел Нојер и фудбалерот на манчестер сити Кевин Де Брујне.

Scroll to Top