Вечерва ќе започне новата сезона во Евролигата. Најдобрите европски клубови во елитното натпреварување се враќаат по пауза од седум месеци. Минатата сезона поради коронавирусот беше прекината.
Со одлука на Евролигата оваа сезона ќе се натпреваруваат истите 18 клубови кои беа дел од лигата и во минатата сезона. Поради различните протоколи во 11 држави нема да има гледачи на трибините, додека со ограничен број на гледачи натпреварите (од 400 до 7.500 гледачи) ќе се играат во Русија, Франција, Литванија.
Фаворити за пласман на завршниот турнир кој ќе семигра наредната година во Келн од 28 до 30 мај се Анадолу Ефес, Реал Мадрид, ЦСКА Москва и Барселона. Со големи амбиции во новата сеозна влегуваат Олимпија Милано, Макаби и грчките великани Олимпијакос и Панатинаикос.
Евролига, 1.коло:
19.30 Анадолу Ефес-Зенит
20.00 Олимпијакос-Жалгирис
20.05 Макаби-Алба
21.00 Барселона-ЦСКА Москва
21.00 Валенсија-Асвел
Петок:
19.00 Химки-Панатинаикос
19.45 Фенербахче-Црвена звезда
20.30 Баерн-Олимија Милано
21.00 Басконија-Реал Мадрид