Поранешниот бразилски репрезентативец Хулк објави дека по четири и пол години ќе го напушти Шангај СИПГ. Бразилецот ќе се врати во Европа, каде во минатото играше добро за Порто и Зенит.
Хулк има договор со Шангај СИПГ до декември оваа година и нема намера да потпишува нов. Кинезите пред четири и пол години за Хулк на Зенит им платија 55.000.000 евра.
„Веќе им кажав на клупските челници дека нема да го продолжам договорот. Имам интересни понуди од Европа, некои од нив се од славни клубови кои играат во Лигата на шампионите. Добив одлични понуди од Бразил и Кина, но јас сакма да играм во Лигата на шампионите“, изјавил Хулк.
Интересно, Хулк во последните три клуба (Порто, Зенит, Шангај) минал по четири и пол години и имал слична статистика. За Порто постигнал 77 голови и забележал 61 асистенција, за Зените постигнал 76 гола и забележал 60 асистенции, а во Шангај СИПГ учинокот му е 74 гола и 54 асистенции.