Кристијано Роналдо и Лионел Меси уште се двајцата најдобри фудбалери на светот и ќе биде прекрасно да се гледа нивниот дуел, вели потпретседателот на Јувентус, Павел Недвед.
Барселона и Јувентус се во групата Г во Лигата на шампиони заедно со Динамо Киев и Ференцварош, и Меси и Роналдо ќе се судрат првпат откако Кристијано замина од Реал Мадрид пред две години и Недвед вели дека нивните години не значат ништо.
„Мечот со Барселона ќе биде голем предизвик и ќе биде фасцинантно да се гледаат Роналдо и Меси, кои според мене уште се најдобрите фудбалери на светот. Покрај тоа, ќе биде интересно Пјаниќ и Артур да се судрат откако ги заменија клубовите“, вели Недвед, освојувачот на „Златната топка“ во 2003 година.
Дуелот со Барса исто така ќе биде реприза на финалето од ЛШ во 2015, кога славниот „МСН“ напад на Луис Енрике обезбеди 3:1 победа. Оттогаш тие играа во четврт-финалето во 2016/17, кога Јуве се одмазид со 3:0 победа, и во групната фаза во 2017/18, кога Барса победи со 3:0 на „Ноу Камп“, а во Торино беше 0:0.