Top Sport

Маркињос: Сите во ПСЖ ја чекаме одмаздата против Манчестер јунајтед

Новиот капитен на Пари Сен-Жермен, Маркињос ги предупреди ривалите од Манчестер јунајтед дека сакаат слатка одмазда во мечевите од Лигата на шампионите, откако се паднаа во истата група Х во денешната ждрепка, заедно со РБ Лајпциг и Башакшехир.

Јунајтед во 2018/19, загубија дома со 0:2 од ПСЖ, но имаа неверојатен камбек на „Паркот на принцовите“ победувајќи со 3:1 за пласман во четврт-финалето. Маркус Рашфорд со гол од пенал ја запечати 3:1 победата во последните секунид од мечот.

„Има тимови со кои игравме релативно неодамна. Многу добри тимови и ова не е лесна група и ќе требаат победи за да се оди понатаму. Дух на одмазда против Манчестер јунајтед? Секој има збор да го опише тоа, иако се случија многу работи оттогаш. Ако е потребно тоа да не мотивира, тогаш нека биде така“, вели Маркињос.

Scroll to Top