Хрватска ќе има и втор претставник во групните натпреварувања во Лига Европа, откако по Динамо Загреб и вице-шампионот Риека успеа да направи изненадување и да ги победи Копенхаген на гости со 1:0 за победа.
Во 20-тата минута од мечот, напаѓачот Куленовиќ имаше одлична шанса, но ја упати топката кон голот, пред Петер Анкерсен сам да си ја смести топката во мрежата.
Во групната фаза е и бугарскиот шампион Лудогорец по импресивната 2:0 победа на гости кај Динамо Брест, но не и Сараево, кои дома загубија со 0:1 од Селтик.
ЛИГА ЕВРОПА, БАРАЖ
Хапоел Бер Шева (Изр) – Викторија Плзењ (Чеш) 1:0
Динамо Брест (Блр) – Лудогорец (Буг) 0:2
Копенхаген (Дан) – Риека (Хрв) 0:1
Легија Варшава (Пол) – Карабаг (Азе) 0:3
Сараево (БиХ) – Селтик (Шко) 0:1
Стандард Лиеж (Бел) – МОЛ Фехервар (Унг) 3:1