Попладнево УЕФА ги одреди групите во Лига Европа за сезоната 2020/2021. Сезонава во Лига Европа се натпреваруваат 48 екипи кои се поделени во 12 групи.
Главните фаворити Арсенл, Тотенхем, Рома добија лесни групи, додека екипите од поранешна Југославија (Динамо, Црвена звезда и Риека) имаат интересни групи.
Најинтересни групи се Ф и Х во кои се Реал Сосиедад, АЗ Алкмар, Риека, односно Селтик, Спарта Прага, Милан, Лил.
Лига Европа 2020/2021:
Група А: Рома, Јанг Бојс, Клуж, ЦСКА Софија
Група Б: Арсенал, Рапид Виена, Молде, Дандалк
Група Ц: Баер Леверкузен, Славија Прага, Хапоел Бер Шива, Ница
Група Д: Бенфика, Стандард, Ренџерс, Лех
Група Е: ПСВ Ајндховен, ПАОК, Гранда, Омонија
Група Ф: Наполи, Реал Сосиедад, АЗ Алкмар, Риека
Група Г: Брага, Лестер, АЕК Атина, Зорја
Група Х: Селтик, Спарта Прага, Милан, Лил
Група И: Виљареал, Карабаг, Макаби Тел Авив, Сиваспор
Група Ј: Тотенхем, Лудогорец,ЛАСК Линц, Антверпен
Група К: ЦСКА Москва, Динамо Загреб, Феенорд, Волфсбергер
Група Л: Гент, Црвена звезда, Хофенхајм, Слован Либерец