Top Sport

Венгер: Можеби останав предолго во Арсенал

Арсен Венгер признава дека можеби останал предолго на клупата на Арсенал, откако дури 22 години беше на чело на клубот од северен Лондон, освојувајќи три титули од Премиер лигата.

Французинот си замина на крајот на сезоната 2017/18, откако имаше неверојатна постојаност со клубот – завршуваше во топ 4 во сите сезони на чело на Арсенасл до петтото место во 2016/17, по што почнаа повиците на навивачите да биде сменет. Во интервју со „Тајмс“, тој признава дека можеби требал да замине порано.

„Можеби останав предолго. Не знам. Но, бев посветен на работата како на првиот ден. Мислам дека го водев тимот во најтешкиот период на успешен начин. Понекогаш, луѓето ќе кажат дека сте престар, но мислам дека не беше така. Клубот сметаше дека е добро да престанам, а постојано знаев дека тоа е возможно. Дел од навивачите веќе не беа задоволни. Уште не сум се вратил на стадионот, иако ме поканија неколку пати. Мислам дека засега е подобро да се прекинати сите врски и да се гледа од дистанца“, вели Венгер.

Тој беше заменет со Шпанецот Унаи Емери, кој дојде од Пари Сен-Жермен, но тој не успеа да направи прогрес, завршувајќи на петтото место во 2019, пред минатата сезона да добие отказ. Венгер е оптимист дека Микел Артета, кому му беше тренер на „Емирати“, е вистинскиот избор.

„Тој повторно ја врати контролата на тимот. Ја завршија добро минатата сезона, иако почнаа лошо“, додава Венгер.

Scroll to Top