Top Sport

КОВИД-19 и во МЗТ Скопје, тимот во самоизолација

МЗТ Скопје Аеродром потврди дека еден член на нивниот стручен штаб е позитивен на корона вирусот, по што целиот тим влезе во самоизолација, придржувајќи се на правилата пред тестирањето.

„И покрај максималното придржување кон мерките за заштита од коронавирусот, денеска член на стручниот штаб на нашиот тим беше позитивен на тестот на Ковид-19. Тој веќе неколку дена е во карантин, откако кај него се појавија благи симптоми, а по добивањето на неговите резултати од вечерва во самоизолација ќе бидат и нашите кошаркари и останатите членови на стручниот штаб.

Во текот на утрешниот ден очекуваме насоки од Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, кои претпоставуваме ќе значат тестирање на сите во тимот. Играчите, тренерите и останатиот персонал се чувствуваат добро и никој од нив нема симптоми, но за нивна и општа безбедност тие ќе останат дома се до следните препораки кои ќе ги добиеме, односно додека и тие на направат тестови на Ковид-19.

МЗТ Скопје Аеродром постојано апелира на придржување кон мерките за заштита како што се редовна хигиена, носење заштитна маска и држење дистанца, како најсигурни методи за заштита од коронавирусот“, се вели во соопштението на МЗТ.

Фото: КК МЗТ Скопје

Scroll to Top