Top Sport

Сопственикот на Милан демантира: Не сум бакнкротирал

Повикувајќи се на кинеските таблоиди, италијанските медиуми во понеделникот пласираа информација дека претседателот на фудбалскиот клуб Милан Јонгхонг Ли банкротирал и дека италијанскиот и европскиот великан се наоѓа пред неизвесна иднина.

„Кориере дело Спорт“ објави дека една од фирмите на Ли „Жухаи Жонгфу“, каде тој е малцински сопственик е ставена на аукција поради долговите кон банките во Џангсу и Кантон.

Објавените информации дека за банкротот и заплената на имот вреден повеќе милионски имот ја демантира сопственикот на Милан, Ли.

Тој информациите ги нарекува „лажни“ и „депласирани“, а во својот јавен настап тој вели дека последните лаги се само продолжување на негативната кампања која се води против него од моментот кога станал претседател на Милан.

„Во последните 48 часа во многу медиуми прочитав невистинити приказни кои му штетат на Милан, на моето семејство и бизнисот. Откако го купив Милан на секој чекор се среќавав со опструкции и трпев голем притисок. По најновите гласини сакам да створам помиран атмосфера околу клубот. ваквите информации му штетат на семејството на Милан. ја користам оваа можност, за последен пат на сите да им објаснам дека состојбата со моите финансиски ресурси е целосно задоволителна. Моите компании, како и фудбалскиот клуб Милан, функционираат нормално. Се надевам дека на ваквите невистините информации не им се дава никаков кредибилитет. Го следам секој натпревар на Милан оваа сезона. Бев сведок како играчите и навивачите на Милан плачат и слават. Длабоко ја почувствував секоја емоција. Со своите соработници можам да издржам секаков притисок, бидејќи сме убедени дека ќе достигнеме нови височини и со тоа ќе ги наградиме навивачите ширум светот. Ќе сториме се за да го вратиме Милан на врвот“, вели Ли во видеото кое е снимено во неговата резиденција во Кина.

Јонгхонг Ли во април 2017 година за сума од 740 милиони евра откупи 99,93 отсот од акциите на фудбалскиот клуб Милан.

Scroll to Top