Норвежаните Мартин Јохнсурд Сундби и Јоханес Хесфлот Клаебо триумфираа на во тимскиот спринт на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг.
Норвежаните патеката долга 8,4 километри ја завршија за 15 минути:56 секунди и 26 стотинки.
Русите, или Олимписките спортисти од Русија, Денис Спицов и Александар Болшманов стигнаа до среброто. Нивниот резултат за 1,71 секунда беше послаб од оној кој го постигнаа Сундби и Клаебо.
Бронзата замина за Финска, на градите на Маурис Манифак и Ришар Жуве. Финците од победниците имаа послабо време за 2,02 секунди.
Четвртото место во спринт трката го освои Шведска, а петтото Италија.
Клаебо и Сундби го освоија 12. злато за Норвешка, која со 32 медали е водечка нација на ЗОИ.