Top Sport

Пандев на крајот од сезоната ќе реши за својата иднина

Горан Пандев, играч на Џенова и капитен на македонската репрезентација, по завршувањето на сезоната ќе реши дали ќе ја продолжи кариерата. реакцијата на Пандев доаѓа по изјавата на тренерот на Џенова Давиде Балардини дека Македонецот може да остане во Џенова онолку колку што тој сака.

„По завршувањето на сезоната ќе одлучам дали ќе ја продолжам кариерата или не. во моментов се чувствувам одлично и размислувам само за нареднот натпревар“, рекол Пандев за италијанските медиуми.

Пандев започна да се враќа во форма откако Џенова ја презеде Балардини, а оптималната форма ја постигна по Божиќните празници.

Џенова на последнте три натпревари забележа три победи над Лацио, Киево и Интер, а Пандев на овоие средби постигна два гола и тоа против своите поранешни тимови Лацио и Интер.

Македонецот во досегашниот тек од сезоната има постигнато три гола во Серија А.

Scroll to Top