Top Sport

ПСЖ му подготвува отказ на Тухел

Француските медиуми најавуваат дека Томас Тухел наскоро би можел да го напушти ПСЖ. Германскиот тренер не е во добри односи со спортскиот директор Леонардо.

ПСЖ во сезоната влезе со два порази, а потоа забележа две победи. Синоќа „светците“ го декласираа Анжер со 6:1.

„Не сум задоволен од она што го кажал, ни клубот не е задоволен. А доколку тој не е задоволен тогаш требало да замине“, рекол Леонардо коментирајќи ја изјавата на Тухел дека на не добил квалитетни засилувања.

Исто така Тухел е лут што клубот им дозволи на Кавани и Тијаго Силва да заминат.

„Тој не ја разбира ситуацијата. Приходите ни се помали за 100 милиони евра, а тука е и финансискиот ферплеј…Разговаравме, но по се изгледа не сака да разбере. Ќе разговараме лице в лице, а клубот ќе реши дали ќе биде казнет“, рекол Леонардо.

Позициите на Тухел во ПСЖ не се сигурни од минатата сезона, како негов наследник се споменува Масимилијано Алегри.

Scroll to Top