Top Sport

Евертон не го дава врвот, Хамес го „скрши“ Брајтон

Евертон го држи првото место во Премиер лигата, откако во четвртото коло го совладаа Брајтон со 4:2. Евертон со максимални 12 бода и гол разлика 12:5 ја предводи англиската елитна дивизија.

Добрата форма во која се наоѓа Калверт-Лувин ја поврди во 16 минута кога го постигна првиот гол. Гостите израмнија во 41 минута преку Мупај, но до крајот на првиот дел „карамелите“ ја ја вратија предноста преку Мина.

во вториот дел Хамес Родригез ги постигна своите први два гола во премиер лигата за 4.1, а конечниот резултат го постави Бисума во 92 минута.

Scroll to Top