Top Sport

Трансфер-бомба, Кавани во Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед во финишот на преодниот рок активира витинска „бомба“. Нов играч на „црвените ѓаволи“ ќе стане Единсон Кавани. 33 годишниот Уругваец на „Олд Трафорд“доаѓа какослободен играч.

Британскиот сервис Би-би-си вечерва објави дека двете страни договориле две годишна соработка, без да ги наведе финансиските детали од договорот.

Уругваецот во текот на ноќта треба да пристигне во Манчестер, а откако ќе ги мине лекарските прегледи ќе го потпише договорот.

Овој трансфер претставува мало изненадување бидејќи Кавани се до денес ниту еднаш не беше поврзан со Манчестер Јунајтед.

Спортскиот директор на Јунајтед Ед Вудворд до крајот на преодниот рок, 5 октомври, ќе се обиде да донесе и еден крилен напаѓач. Откако му пропаднаа преговорите со Барселона за Усман Дмебеле, медиумите тврдат дека ќе се обиде да го донесе Лукас Окампос од Севилја.

Севилја за својот најдобар играч бара 40.000.000 евра.

Scroll to Top