Србинот Душко Тодоровиќ го имаше своето долгоочекувано деби во УФЦ кафезот, и тоа на импресивен начин, освојувајќи бонус од 50.000 долари како еден од четирите меча на вечерта на УФЦ Фајт алјенд 4, нокаутирајќи го Американецот Диквон Таунзенд.
На 26-годишниот фајтер во средна категорија, претходно двапати му беше одложувано дебито поради корона вирусот, но овојпат на „Островот на борбите“ во Абу Даби доби шанса да покаже што умее, и го „реши“ Таунзенд во втората рунда кога го собори противникот и ги промора на предавање.
Во главниот меч на вечерта, поранешната шампионка во бантам категорија, 38-годишната Холи Холм ја декласираше Ирене Алдана во пет рунди за победа на поени. Холм, која немаше најдобри мечеви по победата над Ронда Раузи во 2015 година и забележа пет порази од пет шампионки, Холм сега е во игра за да ја врати својата титула.