Top Sport

Пеп немаше одговор за Биелса: Можеби е поумен од мене!

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола признава дека не можел да му даде одговор на менаџерот на Лидс, Марсело Биелса по нивното 1:1 реми во Премиер лигата во саботата.

И покрај тоа што поведоа преку Рахим Стерлинг во 17. минута, Сити на крајот се задоволија само со поен, откако Родриго израмни во второто полувреме. Сити во последната третина од мечот имаа дури 23 удари, но само 2 беа упатени во рамките на голот.

Гвардиола и Биелса се гушнаа на крајот на мечот, и Биелса сакаше да го добие мислењето на Пеп за мечот, нешто на што тој немаше одговор.

„Тој ме праша: ‘Што мислеше за мечот?’ и јас му одговорив: ‘По една секунда од крајот не можам да го анализирам мечот’. Можеби е поумен од мене! Мене ми е потребно време да го анализирам мечот, но само му кажав дека беше добар меч, фер и дека тој е резултатот“, изјави Гвардиола.

Подоцна, тој имаше повеќе пофални зборови за Лидс, кои изненадуваат при враќањето во Премиер лигата по 16 години.

„Нивниот приод е фантастичен и убаво е да се судриш со тим како Лидс, кој секогаш сака да оди на победа. Тоа носи забавен фудбал за фановите“, додаде Гвардиола.

Лидс освои бод против Сити, Алиоски играше едно полувреме

Scroll to Top