Top Sport

Суарез бараше пенал бидејќи голманот играше со рака?

Луис Суарез имаше блескаво деби за Атлетико Мадрид со гол и асистенција, меѓутоа оттогаш два натпревари во низа, „рохибланкос“ играат само 0:0, иако тоа не го спречува Уругваецот да биде во свој „елемент“.

Суарез првпат стартуваше на „Ванда метрополитано“ во мечот против Вилјареал, кој заврши 0:0 и во една ситуација дури побара од судијата да досуди пенал бидејќи голманот на „жолтата подморница“, Серхио Асенхо ја удри топката со рака!

Иако дел од фановите сакаа да посочат дека Суарез само барал корнер, ова не е прв ваков случај за Уругваецот. Минатата година на Копа Америка, додека играше за Уругвај против Чиле, исто така се обиде да бара пенал откако противничкиот голман Габриел Аријас ја удри топката со рака (што да потсетиме, е целосно во согласност со правилата).

Scroll to Top