Ерик-Максим Чупо-Мотинг ќе биде изненадувачкото засилување за европските шампиони Баерн Минхен, тврди францускиот „Телефут“, за уште едно шокантно „свртување“ во кариерата на камерунскиот напаѓач.
31-годишниот Чупо-Мотинг, кој е роден во Германија, претходно беше фудбалер на Хамбургер, Мајнц и Шалке, пред во 2018 година да дојде во ПСЖ, каде што беше замена на Килијан Мбапе и Нејмар.
Во двете сезони на „Паркот на принцовите“ тој не се прослави многу, и го имаше можеби најшокантното промашување на празен гол, но сепак, оваа сезона во четврт-финалето од Лигата на шампионите против Аталанта имаше одличен настап, кога постигна гол во 93. минута за 2:1 победа.
— • (@hecvideo) April 7, 2019