Top Sport

Јуве се подготвува за меч кој нема да се одигра

Хаотичната ситуација околу дербито во Серија А меѓу Јувентус и Наполи продолжува, откако гостите решија да не патуваат во Торино поради позитивните тестови на КОВИД-19 на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и Пјотр Зиелински, а Јувентус најави дека подготовките за мечот одат според планот.

И Јувентус се во доброволна „само-изолација“ во „Ј хотелот“ на метри од нивниот тренинг центар откако двајца члена на тимот имаат КОВИД-19, но се подготвени да играат вечерва откако сите биле тестирање.

Лега Серија А не нареди одложување на мечот, така што Јуве ќе се појават на стадионот вечерва, а ако Наполи не бидат таму, судијата ќе почека 45 минути и потоа ќе го прекине мечот, кој Јувентус најверојатно ќе го добие со службени 3:0.

Наполи решија да не тестираат, откако локалните власти во Кампанија побараа одреедни фудбалери и тренерот Џенаро Гатузо да бидат во доброволна изолација. Од Наполи најавија дека тимот ќе биде тестиран во понеделник и во вторник ќе продолжат да тренираат на „Сан Паоло“, но нема да допатуваат во Торино за мечот.

Матија Грасини, еден од адвокатите на Наполи, за „Ла газета дело спорт“ објасни дека Наполи веќе ги информирале Јувентус и Серија А со барање за одложување на мечот, бидејќи ако отпатуваат ќе направат „криминален чин“.

„Локалните здравствени власти и регионот Камапанија побара нашите фудбалери да не ги напуштат нивните домови. Ги информиравме Серија А, федерацијата и Јувентус дека не сме во способност да пристигнеме во Торино, бидејќи така ќе направиме кривичен прекршок“, вели Грасани.

Scroll to Top