Спортското друштво Партизан и фудбалскиот клуб како основач, денеска го прославува својот 75. роденден, по што прерасна во еден од најголемите спортски клубови на Балканот.
Партизан е основан на 4 октомври 1945 година во Белград под име „Фискултурно друштво на Централниот дом на Југословенската Армија“, како спортски клуб на припадниците на армијата, веднаш по крајот на Втората светска војна, со секции во фудбал, атлетика, шах, кошарка и одбојка.
Од 1950 година, Партизан во своите редови прима и членови кои не се дел од ЈНА, а во 1960 го менува името во Југословенско спортско друштво Партизан.
Спортскиот клуб денеска се состои од 27 клубови во 24 спортови, а во фудбалот имаат освоено 27 титули од Југославија и Србија, први од поранешна Југославија играа во финале на ЛШ во 1966 година. Ватерполистите на Партизан се седумкратни европски шампиони, кошаркарите освоија една европска титула.