Арсенал се врати по поразот од Ливерпул, со тешко извојувана 2:1 победа над Шефилд јунајтед, за трет триумф во четири кола на тимот на Микел Артета, додека Вулверхемптон со 1:0 го совлада Фулам, за поразените клубови да го продолжат катастрофалниот старт на сезоната.
По тешкото прво полувреме, Букајо Сака со малку помош на лошата интервенција на одбраната на гостите во 61. минута го отвори резултатот. Само три минути подоцна замената Никола Пепе постигна убав гол, за конечните 2:1 да ги постави Дејвид Мекголдрик со фантастичен гол.
За Вулфс пак, Педро Нето го постигна единствениот гол за 1:0 победа над новиот премиерлигаш Фулам, кој заедно со Шефилд јунајтед е „закован“ на дното со четири порази и нула поени.
ПРЕМИЕР ЛИГА, 4.КОЛО
Арсенал – Шефилд јунајтед 2:1
Вулверхемптон – Фулам 1:0